недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

СП 2023: Доминиканска Република ја шокира Италија, Германија ја победи Австралија

СП 2023: Доминиканска Република ја шокира Италија, Германија ја победи Австралија

Доминиканската Република славеше против фаворитот Италија со 87-82 за втора победа на Светското првенство (СП), додека Германија изненадувачки ја совлада Австралија (85-82).

Италија имаше фантастичен старт и водство од 12-0, но потоа почнаа грешките во нападот на екипата и исклучување на селекторот Џанмарко Поцеко пред крајот на полувремето.

Доминикана предводена од Карл Ентони Таунс го сврте мечот во своја корист и на крајот успеа да слават со 87-82. Најдобри во победата беа Фелиз и Таунс со по 24 поени.

Германија го доби првото полувреме со 49-44, но потоа следеше пад во играта и пресврт на Австралија која го однесе натпреварот во неизвесна завршница. Сепак, Шредер беше незапирлив за ривалите и со помош на неговите колеги оствари триумф од 85-82.

Шредер беше најефикасен кај Германија со 30 поени и осум асистенции, додека Милс постигна 21 поен за Австралија.

Победа оствари и Црна Гора, која денеска беше поуспешна од Египет со 89-74.