вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

СП 2023: Литванија ги шокираше Американците

СП 2023: Литванија ги шокираше Американците

Кошаркарите на Литванија направија големо изненадување, совладувајќи ја селекцијата на САД во Манила со 110:104 со што  го освоија првото место во групата Ј на Светското првенство и закажаа четвртфинален дуел со Србија.

Дека овој тим на Америка е победлив, дека има многу селекции кои можат да и парираат, се знаеше уште пред почетокот на првенството, но и покрај тоа важеше за голем фаворит за освојување на златото. Италија ќе биде нивен противник во четвртфиналето.

Литванија изгледаше беспрекорно како тим, тоа најдобро го покажуваат распределените поени. Каринијаускас постигна 15, Кузминскас 15, Валанчиунас 12 со 7 скока, Браздеикис 11, Димса 11, Бенџијус 10, додека одличниот Седекерскис имаше дабл-дабл со 11 поени и исто толку скокови.

Ентони Едвардс ги предводеше Американците со 35 поени, но тоа не беше доволно.