среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

СП 2023: Шпанија рутински против Бразил

СП 2023: Шпанија рутински против Бразил

Репрезентацијата на Шпанија ја забележа втората победа на Светското првенство и славеше над Бразил со убедливи 96-78. „Фуријата“ одигра фуриозно во втората и последната четвртина и со сигурен триумф го потврди пласманот во ТОП-16 фазата.

Најефикасни во таборот на Серџо Скариоло беа Адама со 15 и Вили Хернангомез со 14 поени, додека кај Бразил „прва виолина“ беше Бруно Кабокло со 15 поени на своето конто.

Шпанија е сигурен патник во главната фаза, додека јужноамериканската репрезентација во последното коло ќе мора да слави над Брегот на Слоновата Коска.