понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Србија се пласира на Мундобаскетот, познати сите селекции од Европа кои ќе играат на СП

Србија се пласира на Мундобаскетот, познати сите селекции од Европа кои ќе играат на СП

Кошаркарската репрезентација на Србија со победата над Велика Британија од 101:83 во последното квалификациско коло обезбеди пласман на Светското првенство што од 25 август до 10 септември ќе се одржи во Јапонија, Индонезија и Филипини. Србија славеше со 101:83 и заедно со Летонија и Грција обезбеди пласман на Мундобаскетот од групата И.

Алекса Аврамовиќ со 20 поени беше најдобар кај Србија, Митровиќ даде 15, додека кај противникот Квин Елис постигна 22 поени.

Европски репрезентации кои обезбедија пласман на Мундобаскетот се Летонија, Србија, Грција, Германија, Финска, Словенија, Франција, Литванија, Црна Гора, Шпанија, Италија и Грузија.