недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Стеф Кари се повреди, го чека долга пауза

Стеф Кари се повреди, го чека долга пауза

Стеф Кари, заработи повреда на левата нога поради која ќе биде надвор од терените неколку недели, а можеби и многу подолго.

Кари го предводеше Голден Стејт Вориорс до победата над Далас од 119:113 и постигна 21 поен, по што се повреди на мечот.

Така, актуелниот шампион Голден Стејт ќе мора да игра во плејофот без својот најдобар играч, кој според најавите можеби нема да игра до крајот на месец мај.

Вориорс моментално се на осмото место во Западната конференција. По 54 одиграни натпревари имаат биланс од 28 победи и 26 порази, а без големиот Кари сигурно потешко ќе се остварат нови триумфи.