Последниот танц во дресот на САД, двете живи легенди на НБА лигата Леброј Џејмс и Стеф Кари, најверојатно ќе го имаат на Олимписките игри наредната година во Париз.
Така барем тврди уште една кошаркарска легенда – Пол Пирс. НБА шампионот од 2008. и некогашна ѕвезда на Бостон Селтикс верува дека Леброн Џејмс (38) и Стеф Кари (35) ќе сочинуваат новиот дрим-тим.
„Навистина верувам дека Леброн ќе оди – тоа ќе му бидат последни Игри. Исто така мислам дека во Париз ќе игра и Стеф Кари“, рекол Пирс во поткастот „Ticket & The Truth“.