петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Стојановски: Да ги завршиме квалификациите барем со една победа

Стојановски: Да ги завршиме квалификациите барем со една победа

Капитенот Војјдан Стојановски прв се појави во салата „Борис Трајковски“ во Скопје каде денеска беше означен почетокот на мини-циклусот пред она што следува во првите денови од јули, натпреварите против Шпанија и Украина, за пласман во следната фаза од квалификациите за место на Светскиот Куп 2023 година.

– Малку сме од искусните што останавме, имаме повеќе млади. Атмосфера секогаш имало и ќе има во репрезентацијата. За натпреварите, Шпанија е со истиот состав кој играше во Македонија. Дали е „Б“ или „А“ тим, Шпанија е Шпанија, ние ќе дадеме сè од себе. Најважно ќе биде да се одигра достојно и против селекција од Евролигата и Еврокупот – рече Стојановски.