Kошаркарскиот тренер Светислав Пешиќ е нов селектор на репрезентацијата на Србија и 72-годишен стратег на позицијата ќе го смени Игор Кокошков.
Пешиќ дебито на клупата на Србија ќе го има веќе во ноември, кога репрезентацијата игра против Летонија во квалификациите за Светското првенство во 2023 година.
Како селектор на Југославија го освои Европското првенство во 2001 година, а следната година и Светското првенство во Индијанаполис. Тој има уште едно европско злато и тоа со селекцијата на Германија од 1993 година.
Во клупската кошарка водеше тимови од калибарот на Алба Берлин, Барселона, Лотоматика, Динамо Москва и Црвена Звезда.