Македонскиот репрезентативен центар Теодор Симиќ потпиша четиригодишен договор со АБА-лигашот Игокеа, чиј тренер е неодамнешниот македонски селектор Драган Бајиќ.
Талентираниот Симиќ досега беше член на младинскиот состав на Барса, но ја прифати понудата од Игокеа и ќе почне да игра клупска сениорска кошарка.
Сепак, Симиќ во претстојната сезона нема да го носи дресот на Игокеа туку ќе настапува како позајмен за Борац Бања Лука во АБА 2 лигата и во првенството на БиХ.