Првата ѕвезда на НБА франшизата на Лос Анџелеск Клиперс Кавај Ленард го скинал менискусот во своето десно колено, пренесуваат американските медиуми.
Ленард кој во последните години се мачи со повредите, одлично ја стартуваше серијата од 1. рунда на Западот против Феникс Санс, но по вториот натпревар веќе не се врати во тимот на Тајрон Лу што резултираше со победа на „франшизата“ од Аризона со 4-1.