Скопје за прв пат во својата историја има чест да биде домаќин на квалификациски турнир од официјалната кошаркарска лига на шампиони во организација на светската кошаркарска федерација ФИБА.
Нашата гордост од Тафталиџе, екипата на ТФТ, храбро го прифати предизвикот да биде домаќин на великани од самиот врв на европската кошаркарска елита. Во период од 21.9 – 25.9. 2022 година, во три натпреварувачки дена, преку елиминационен систем на натпревари, Европа ќе го добие новиот учесник во групната фаза од лигата на шампионите.
За престижното „столче“ во елитата, покрај нашиот ТФТ, како минатогодишен освојувач на купот на Македонија, ќе се борат и романскиот ЦСО Волунтари, швајцарски Фрибург, најстариот британски кошаркарски клуб Лестер Рајдерс, како и одлично познатите Кемниц од Германија и Тофаш Бурса.
Натпреварите ќе се играат во салата „Борис Трајковски“, а карти за истите може да се набават на овој линк.