среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ТФТ и Пелистер пак на Златибор, па во Бања Лука

ТФТ и Пелистер пак на Златибор, па во Бања Лука

Третиот турнир од АБА 2 лигата ќе се одржи од 19 до 23 декември, повторно на Златибор каде се играа и воведните две кола од ова натпреварување.

На програмата ќе бидат само два круга во кои ќе учествуваат македонските претставници ТФТ и Пелистер. Освојувачот на Купот на Македонија, на 19 декември ќе се сретне со Подгорица, а три дена подоцна излегува на мегдан со Спарс.

Вицешампионот прво игра со Борац, на 21 декември, а потоа го затвора турнирот, со дуел против Хелиос Санс.

Денеска е донесена одлука, четвртиот турнир да се одржи во Бања Лука, во периодот од 23 до 29 јануари 2023 година.