Екипата на ТФТ беше голем фаворит во денешната пресметка против Куманово и славеше огромна и заслужена победа со резултат 107-70.
Ова за тимот на тренерот Боро Смилковски значи дека сигурно го обезбедуваат третото место на табелата во регуларниот дел од Првата лига.
Марко Симоновски и Виктор Ташовски беа најрасположени и двоцифрени уште во првото полувреме.
Симоновски постигна 21 поен и Виктор Ташовски 18 поени, додека кај гостите од Куманово најдобар поединец беше Андрија Маријановиќ со 19 поени зад своето име.