четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ТФТ стана енигма за шампионот

ТФТ стана енигма за шампионот

ТФТ успеа уште еднаш да го одбрани домашниот терен од МЗТ Скопје откако во 1. коло од Суперлигата славеше со 73-69.

Ландриус Хортон со 17 поени и 7 скока беше лидер на ТФТ, додека него го следеше Бишоп со 13 поени. Кај МЗТ Скопје се истакна Адем Мекиќ со 14 поени, додека како двоцифрени со по 11, односно 10 поени мечот го завршија Дамјан Стојановски и Милошевиќ.

Македонецот додаде и 7 скока и 3 украдени топки, а Србинот 6 скока и 3 украдени топки.