Кошаркарите на Торонто за прв пат во историјата на клубот постигна 44 поени за една четвртина и постави нов рекорд во ефикасност.
Торонто рекордот го постигна ноќеска на средбата со Вашингтон во 1.коло од НБА плејофот. Домаќините дадоа 44 поени во првата четвртина или во просек 3,67 поени во минута.
Натпреварот заврши со победата на Канаѓаните од 114:106 за водство со 2-0 во серијата прв до четири победи.