Тренерот на Барселона, Шарунас Јасикевичиус ја нарече ЦСКА фаворит во Евролигата во пресрет на мечот против црвено-сините во првото коло од шампионатот.
– Ако зборуваме за фаворити, тогаш сè е како вообичаено. Мора да ја започнеме сезоната против актуелниот шампион, ЦСКА. Овој тим секогаш мора да се почитува. Следен на списокот е Анадолу Ефес, кој водеше во регуларниот дел од сезоната, додека минатата сезона не беше запрена поради пандемијата. По нив следуваат Реал Мадрид и Милано, истакна Јасикевичиус.
Натпреварот Барселона – ЦСКА е закажан за вечер со почеток во 21 часот.