На 26 јануари 2020 година загина Коби Бин Брајант американски професионален кошаркар, кој играл во НБА за екипата на „Лос Анџелес Лејкерс“. Бил висок 198 см, тежок 95 кг и играл на позицијата бек.
Коби имаше одлична кошаркарска кариера во средното училиште Ловер Мерион во Пенсилвенија каде што бил познат како најдобар средношколски кошаркар во државата. Роден е на 23 август 1978 година.
Коби Брајант бил избран на НБА драфтот во 1996 година, како 13-ти пик од страна на Шарлот Хорнетс, директно од средно училиште.
Тој спаѓа меѓу ретките играчи од НБА кои се драфтувани на тој начин. Сепак, Брајант не одиграл за „Хорнетс“ ниту еден натпревар, бидејќи менаџерот на „Лејкерс“ Џери Вест веднаш направил трампа, па така Владе Дивац заминал за „Шарлот Хорнетс“, а Коби Брајант дошол во „Лејкерс“.
Во февруари 2016 година, на 65. издание на „Ол стар“, Брајант го одиграл последниот натпревар на овој настан при што постигнал 10 поени. Подоцна, во април, Брајант го одиграл последниот настап во НБА.
Притоа, во натпреварот против „Јута џез“, одигран на домашен терен, во „Стејплс центарот“ во Лос Ангелес, Брајант постигнал 60 поени. Така, тој станал петтиот играч во историјата на НБА кој одиграл 20 сезони (но, првиот играч кој сите нив ги одиграл во еден клуб) во кои освоил пет шампионски прстени, постигнал 30.000 поени, имал над 6.000 асистенции, 18 пати настапил на „Ол-стар“ натпреварите, двапати бил прогласен за најкорисен играч (МВП) на сезоната, а со репрезентацијата на САД освоил два олимписки медали.
Најпосле, тој е вториот играч во историјата на НБА со најмногу постигнати поени на еден натпревар (во 2006 година, во натпреварот против „Торонто репторс“ постигнал 81 поен).
На 26 јануари 2020 година, Брајант загина во хеликоптерска несреќа во Калабасас, Калифорнија. Во несреќата загина и неговата 13-годишна ќерка Џиана и уште седум други лица.