Кошаркарската АБА-лига неодамна објави дека ќе го врати Суперкуп натпреварувањето како „загревање“ за новата сезона во регионалното натпреварување, но веќе стана јасно дека не може да биде донесена едногласна одлука во АБА.
Според пропозициите, дел од ова натпреварување требаше да биде најдобрите осум тима од ланската сезона, но Суперкупот ќе мора да се одржи без второпласираната Црвена Звезда, откако „црвено-белите“ објавиле дека немаат намера да бидат дел од ова натпреварување.
Црвена Звезда веќе подолго време е во конфликт со бројни клубови, како и со највисокото раководство на АБА, што резултираше дел од тимовите да бараат и српскиот гигант да биде исфрлен од натпреварувањето за наредната сезона.
Очекувано, тоа не се случи но страстите се разгореа, а Црвена Звезда се одлучи со неиграњето да го намали кредибилитетот на овој турнир.
Местото на „црвено-белите“ го зазеде тимот на Мега, а донесена е одлука Суперкупот на АБА да се одржи во Подгорица од 18 до 20 септември. Притоа, познати се и четвртфиналните двојки: Будуќност – Задар, ФМП – Студентски Центар, Партизан – Мега и Цедевита Олимпија – Игокеа.