петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Весели се пресели во Барселона

Весели се пресели во Барселона

Чешкиот кошаркар Јан Весели (32) кариерата ќе ја продолжи во Барселона. Весели по осум години го напушти Фенербахче со кој во 2017 година ја освои Евролигата.

Јан Весели потпиша тригодишен договор со Барселона. Минатата сезона тој имаше просек од 13,6 поени и 6,1 скока по натпревар. Весели пред Фенер играше за Денвер Нагетс и Вашингтон Визардс во НБА лигата.