четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ВИДЕО: Дончиќ се повреди и за првпат заврши НБА натпревар без поени

ВИДЕО: Дончиќ се повреди и за првпат заврши НБА натпревар без поени

Далас Маверикс стигна до важна победа против Феникс од 95:99, меѓутоа во клубот не можат целосно да бидат среќни поради повредата на Лука Дончиќ.

Дончиќ се повреди уште во четвртата минута кога случајно нагази на ногата на еден противнички кошаркар. Словенецот заработи повреда на зглобот и со болна гримаса се упати во соблекувалната и не се врати на теренот. За Дончиќ ова беше прв натпревар во НБА на кој настапил, а не успеал да постигне ниту еден поен. Отсуството на Дончиќ одлично го пополни Динвиди со 36 поени и Фини Смит со 18.

Неизвесен натпревар се играше во Бостон каде што домаќините беа поразени од Њујорк по продолжение од пет минути (117:120). За Бостон ова беше трет пораз во низа, а трагичар беше Џејлен Браун кој промаши две слободни фрлања во завршницата.

Рендл го предводеше Њујорк со 37 поени, на Бостон не му помогна ниту Тејтум кој стигна до дабл-дабл од 35 поени и 14 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Бостон – Њујорк 117-120 (по прод.), Бруклин – Детроит 122-130, Шарлот – Чикаго 111-96, Хјустон – Кливленд 95-113, Феникс – Далас 95-99, ЛА Клиперс – Сан Антонио 138-100.