петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ВИДЕО: „Магијата“ на Дончиќ на дело – дриблинг низ нозе, па додавање без гледање!

ВИДЕО: „Магијата“ на Дончиќ на дело – дриблинг низ нозе, па додавање без гледање!

Лука Дончиќ одигра нов брилијантен натпревар на Европското првенство. Во „Ланксес Арена“ во Келн кошаркарите на Словенија беа подобри од Унгарија (88-103) и така ја запишаа втората победа на шампионатот.

Асот на Далас Маверикс повторно беше водечка сила на бранителот на титулата, а зад своето име го запиша и најатрактивниот потег на натпреварот. Прво му ја турна топката низ нозе на противнички играч, а потоа атрактивно му асистираше на Чанчар за забивање.

Лука Дончиќ, иако со половична минутажа, диригираше и беше најдобар на паркетот со 20 поени, седум скока и седум асистенции.