недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Водство од 2-0 за Партизан во финалето од АБА

Водство од 2-0 за Партизан во финалето од АБА

Кошаркарите на Партизан водат со 2-0 во финалната серија на АБА лигата против вечниот ривал Црвена Звезда.

По триумфот во првиот натпревар одигран во белградската „Арена“, избраниците на Жељко Обрадовиќ славеа и на вториот натпревар (87-78) на домашен терен притоа задржувајќи ја предноста која ја носи првата позиција на табелата.

За разлика од првиот натпревар во кој Партизан стигна до двоцифрена предност во првата четвртина, овој пат српските евролигаши играа егал во првите 20. минути за победникот да биде решен во второто полувреме.

Истото подоборо го започна Партизан, поведе со +6 (68-62) пред одлучувачките десет минути, а во нив ја задржа предноста и не дозволи неизвесна завршница, но за истото големо значење имаа и гостите во „црвено-бело“ кои губеа топки во моменти кога имаа шанса за камбек.

Со 15 поени лидер на Партизан беше Нанали, а него го следеше Смаилагиќ со 15 поени и 3 скокови. Недовиќ беше прво име во редовите на Црвена Звезда со 21 поен.

Серијата за третиот натпревар се префрла на теренот на Црвена Звезда, но актуелниот шампион на АБА покрај тоа што ќе треба да најде решение на противникот ќе настапи и против традицијата која вели дека никој досега не се вратил од негатива од 2-0 во финалето на регионалното првенство.