петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Војдан и Дамјан остануваат во МЗТ Скопје

Војдан и Дамјан остануваат во МЗТ Скопје

Како што пренесува спортскиот портал СПОРТМЕДИА во дресот на МЗТ Скопје останува братскиот тандем, капитенот Дамјан Стојановски и Војдан Стојановски.

Дамјан во МЗТ Скопје е од 2012 година, тој е заштитен знак на овој клуб. Низ годините беше една од главните причини за доминацијата на тимот од Аеродром, како и титулите кои ги освои.

Војдан, кој после повеќе од една деценија се врати во македонскиот шампионат, на дело покажа зошто е еден од најдобрите кошаркари на денешницата.

Капитенот на македонската репрезентација е пример за идните генерации, како треба да изгледа еден професионалец на теренот, и надвор од него.

Тој во финалето на плеј-офот беше нерешлива енигма за Пелистер, битолчани немаа решение за неговата шампионска игра. Војдан сезоната што измина беше прогласен за МВП на финалето и Купот на Македонија.

МЗТ Скопје ростерот ќе го гради со домашни играчи, а потоа ќе се решава прашањето за странски засилувања.

foto: sportmedia.mk