недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Војдан Стојановски : Ако не верувам во успех,нема да сум тука

Војдан Стојановски : Ако не верувам во успех,нема да сум тука

Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе настапи за Перм каде ќе игра во квалификациите за пласман на Европското првенство во кошарка .

Капитенот Војдан Стојановски верува во можностите на екипата, но смета дека амостферата во соблекувалната ќе одигра важна улога во конечниот исход од овој квалификациски турнир.

Супер работа е што тука уште на почетокот ќе бидеме скоро комплетни. Секако, поради професионалните обврски во Скопје нема да тренираат Димитријевиќ и Ѓуроски. Но, верувам во тоа дека во овие наредни неколку дена ќе креираме една атмосфера која ќе биде нашиот заштитен знак во овој циклус, и тоа како важен за нас.

Ќе излажам ако кажам дека ќе биде лесно. Не, ќе биде навистина напорно. Но, за мене е поважно да сме здрави и живи, и во Перм да бидеме комплетни. Турнирот според оној интензитет на играње е едно мини Европско првенство. Како една група од ЕП во која за кратко време се одигруваат доста натпревари, а тоа носи дополнителна потрошувачка на енергија“, вели македонскиот репрезентативец.

Противници на нашиот национален тим ќе бидат Италија, со која ќе одиграме два меча, а потоа по еднаш ќе ги одмериме силите против домаќинот Русија.

„Излегува дека сите мислиме само на мечот со Естонците. Не би се сложил со тоа. Ова е национален тим на Македонија кој треба да пружа максимум на секој натпревар. Зошто не би победиле некој од тие дуели со Италија или со Русија, па дуелот со Естонија да го чекаме во некоја порелаксирана атмосфера, без некое „морање“. Нема откажување. Ќе пробаме да ги искористиме сите шанси кои ќе ни се укажат во Перм.

Ако не верувам во успех, нема да сум тука, со соиграчите. Во Перм ќе одиме од натпревар во натпревар. За мене е доста важно што сите играчи се во некоја натпреварувачка форма, без оглед каде настапуваат во изминатиот период. Со добра атмосфера и давање на 200% од нашите можности можеме да дојдеме до тоа Европско првенство. Уште едно во нашите кариери“, коментира Стојановски.

Македонија ќе го отвори турнирот со Италија на 18 февруари, ден подоцна ќе се сретне со Русија, а потоа ќе има слободен ден и повторно ќе излезе на терен со „азурите“.

За крај на 22 февруари следува дуел со Естонија, против која најмногу се надеваме на победа.