Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски, апсолутно заслужено се закити со признанието МВП на завршниот турнир од Купот на Македонија.
Војдан даде значаен придонес и во одбраната и заслужено за првпат се закити со ова индивидуално признание, во третиот освоен куп-пехар во кариерата.
Војдан Стојановски во финалето постигна 16 поени, надополнети со осум скокови, три асистенции и три украдени топки, притоа изнудувајќи и седум прекршоци од противничките кошаркари.