недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Вонсериска вечер на Дончиќ: 47 поени за Франција, Словенија прва во групата

Вонсериска вечер на Дончиќ: 47 поени за Франција, Словенија прва во групата

Кошаркарската репрезентација на Словенија покажа зошто ја сметаат за еден од главните кандидати за златото на Евробаскетот. Со победа над Франција (82-88), „змајчки“ завршија како први во групата и одат во нокаут-рундата.

Свој рецитал на овој натпревар имаше словенечката ѕвезда Лука Дончиќ кој имаше шоу и уриваше рекорди. Кошаркарот на Далас Маверикс мечот го заврши со неверојатни 47 постигнати поени, седум скока и пет асистенции. Најдобрите поени шутерот ги даде во првиот дел кога постигна неверојатна тројка стоејќи на една нога. Мечот го играше со повредена глава, поради удар пред крајот на полувремето.

На дуелот кој беше изедначен претежно, Дончиќ, кој имаше 65% прецизен шут од игра на дерби-пресметката, урна рекорд и дојде до второто место на вечната листа по број на поени на натпревар на Евробаскетот. Пред него останува само Еди Терес од Белгија кој во 1957 година даде 63 поени против Албанија.

Триумфот добива на тежина затоа што е извојуван без Тоби. Кај Французите најдобар беше специјалистот под обрачите Руди Гобер со 19 поени и осум скока. Второ име кај Франција беше Фурние со 15 поени, а кај Словенија тоа беше Горан Драгич со 14 поени.

Словенците ја завршија групната фаза со четири победи и еден пораз. Франција е зад нив со скор 3-2. Во осминафиналето Словенија ќе се судри со Црна Гора или Грузија, додека Французите одат на мегдан со Турција.