Раководството на кошаркарската Евролига соопшти денеска дека завршниот турнир во мај, што требаше да се одржи во Берлин, е преместен во Белград.
Полуфиналните натпревари ќе се играат на 19, а финалето е на 21 мај.
Српската престолнина вторпат ќе биде домаќин на завршниот турнир на четирите најдобри екипи по фајнлфорот во белградска „Арена“ во 2018 година.
Берлин остана без организација во кошаркарската Евролига поради актуелните здравствени мерки, кои се на сила во овој германски град, а се поврзани со пандемијата на вирусот Ковид-19.