Канадската лизгачка на кратки патеки Ким Бутен доби закани и навреди на социјалните мрежи од лути навивачи од Јужна Кореја, откако го освои бронзениот медал во дисциплината 500 метри.
23-годишната Бутен на финалната трка вчеравечер заврши на четвртото место, но подоцна беше рангирана трета, бидејќи претставничката на домаќинот на ЗОИ Минджеон Чои, која финишира втора, беше дисквалификувана.
Корејците сметаат дека одлуката била донесена погрешно и Чои не ги прекршила правилата против Ким Бутен.
– Честитки за нечесно заработени медал, напиша гневен навивач кај личниот профил на канадската натпреварувачка на кратки патеки.
– Ако те најдам, ќе умреш, беше постирано од друг корисник на социјална мрежа.
По овие пораки Канаѓанката го блокира профилот.
Трките на куси патеки е еден од омилените спортови на луѓето од Република Кореја.
Од Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) апелираат да се почитуваат спортистите и да се поддржат во нивната напорна работа за постигнување што подобри резултати.