Поранешниот светски шампион на 400 метри со пречки, кениецот Николас Бет почина на 28-годишна возраст во сообраќајна несреќа.
Бет само што се врати од Националното првенство во Нигерија, загина во судир со автомобил во градот Нанди, северозападна Кенија.
Ќе остане запаметен по тоа што пред три години на Светското првенство во Пекинг на Кенија и го донесе првото злато на патека покуса од 800 метри.
Атлетската федерација на Кенија ја потврди смртта на Бет преку социјалните мрежи, а тамошниот министер за спорт Рашид Ешес изрази сочувство до семејството.