Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ по поразот од Тунижанецот Малек Џазири во осминафиналето на турнирот во Истанбул соопшти дека има проблеми со повредата на коленото, поради која може да го пропушти четвртиот Мастерс оваа сезона.
– Викендов ќе одлучам дали ќе го пропуштам Мадрид. Ситуацијата се уште не е толку лоша и се чувствувам добро. Потребни ми се неколку дена добро да тренирам и верувам дека ќе бидам на високо ниво, истакна Чилиќ.
Хрватскиот тенисер во Истанбул се пожали на проблеми со коленото, поради што не можел да сервира добро и да игра агресивно.
– Имав проблеми со коленото и не сервирав добро. Се обидов да играм агресивно, но не можев. При некои скокови чувствував како болката ме блокирa. Ме ограничуваше при некои движења, наведе четвртиот тенисерот во светот.
Турнирот во Мадрид почнува на шести мај.
(Миа)