Најдобриот НФЛ играч на сите времиња, Том Брејди во февруари објави крај на кариерата, но се предомисли и вели дека ќе игра и во наредната сезона.
Том Брејди изминатиот викенд беше на Олд Трафорд, на натпреварот меѓу Манчестер јунајтед и Тотнем на кој Кристијано Роналдо постигна хет-трик.
По натпреварот Роналдо и Брејди имаа дискусија на теренот. Неколку часа пред да соопшти дека ја прекинува пензијата, Том Брејди објави видео со Роналдо на кое Португалецот го прашува: „Ти заврши, така?“
Многумина веруваат дека неговата посета на Олд Трафорд и разговорот со Роналдо биле последната капка која пресудила Том Брејди да се предомисли и да продолжи да игра.
„Во изминатите два месеци сфатив дека моето место се уште е на теренот, не на трибините. Тоа време ќе дојде, но не е сега. Ги сакам моите соиграчи и мојата фамилија која ми дава поддршка. Тие прават се што е возможно. Ќе се вратам за мојата 23 сезона во Тампа. Имаме незавршенаа работа“, објави Брејди кој и на 44 години ќе игра за Тампа Беј Баканерс.
Thanks to @ManUtd and the Glazer family for hosting me and my boys yesterday. So lucky to be able to share experiences like this with them. pic.twitter.com/GDofXNZpfW
— Tom Brady (@TomBrady) March 13, 2022
These past two months I’ve realized my place is still on the field and not in the stands. That time will come. But it’s not now. I love my teammates, and I love my supportive family. They make it all possible. I’m coming back for my 23rd season in Tampa. Unfinished business LFG pic.twitter.com/U0yhRKVKVm
— Tom Brady (@TomBrady) March 13, 2022