среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Дарио Ивановски е позитивен на ковид-19, нема да настапи на ЕП

Дарио Ивановски е позитивен на ковид-19, нема да настапи на ЕП

Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски нема да биде дел од Европското првенство во сала бидејќи е позитивен на ковид-19.

Ивановски кој неодамна стана балкански шампион на 3000 метри во сала, за жал нема да биде дел од Европското првенство во Торун, Полска.

„И официјално на престојно ЕП во сала кое ќе се одржи оваа недела во Торун, Полска, нашиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски нема да настапи. Да му посакаме многу здравје, брзи и лесно подносливи денови во ова светско КОВИД лудило кое удри и кај нашиот неприкосновен шампион. Се гледаме напролет на новите предизвици – спортски поздрав од MC RUNNING TEAM“, објави на фејсбук тренерот на Ивановски, Игор Јакимовски.