среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Двајца вработени во Астон Мартин се позитивни на коронавирус пред почетокот на сезоната во Формула 1

Двајца вработени во Астон Мартин се позитивни на коронавирус пред почетокот на сезоната во Формула 1

Двете лица кои имаат позитивен тест на коронавирус пред почетокот на трките во Бахреин се вработени во тимот на Астон Мартин, објави „Racefans.net“.

Претходно стана познато дека пред почетокот на Гран при, вработените во еден од британските тимови беа изолирани поради позитивен тест за коронавирус. Но, на кој тим припаѓале заразените, не беше соопштено.

Претставникот на Астон Мартин изјави дека тимот ги презема сите неопходни мерки на претпазливост и оваа ситуација нема да влијае на кој било начин врз спроведувањето на трките.

Во сезоната 2021 година, за Астон Мартин ќе возат Канаѓанецот Ленс Строл и Германецот Себастијан Фетел.

Новата Ф1 сезона ќе почне в недела со трката за Големата награда на Бахреин.