сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Формула 1: ФИА и локалните власти во Мелбурн разговараат за следните чекори по откривањето на коронавирусот во Мекларен

Формула 1: ФИА и локалните власти во Мелбурн разговараат за следните чекори по откривањето на коронавирусот во Мекларен

Раководството на Формула 1 објави дека разговара за следните чекори, откако беше потврден случај на коронавирус во тимот на Мекларен. Британскиот тим се повлече од Гран-при на Австралија.

-Формула 1 и ФИА ги координираат следните чекори со властите. Нашиот приоритет е безбедноста на навивачите, тимот и целиот персонал на патеката, напишаа од Ф1 на официјалниот Твитер.

Траката за Големата награда на Австралија е закажана претстојниот викенд. Првата тренинг сесија треба да започне утре, а главната трка е предвидена за в недела.