четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ФОТО: Светската тенисерка со потекло од Битола е позитивна на коронавирус

ФОТО: Светската тенисерка со потекло од Битола е позитивна на коронавирус

Симона Халеп, една од најдобрите тенисерки во светот е позитивна на коронавирусот. Минатогодишната победничка на Вимблдон самата објави на Твитер дека тестот покажал дека таа е позитивна на Ковид-19, дека добро се чувствува иако има благи симптоми.

Инаку како што е познато на јавноста, Романката која е Влаинка, е со потекло, односно со корени од битолско Маловиште.

Таа моментално е во својот дом каде е во карантин.

Инаку Халеп не учествуваше на УС Опен, а на Ролан Гарос стигна до 4. коло каде беше елиминирана од победничката Швјонтек.