понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ФОТО: Запознајте ја Клерк, прва жена олимпиец од Мадагаскар

ФОТО: Запознајте ја Клерк, прва жена олимпиец од Мадагаскар

Миалитијана Клерк е првата жена од Мадагаскар  која ќе настапи на една зимска Олимпијада. Таа на Игрите во Пјонгчанг ќе учествува во трките од алпските скијачки дисциплини.

16-годишната Клерк не е фаворит за медал, но за неа самото учество на ЗОИ е еден вид победа со оглед на тоа што е првата дама од африканската островска држава во Индискиот Океан. Мадагаскар дебито на ЗОИ го имаше 2006 година со машкиот алпинист Метју Разанаколона.

– Чест ми е да бидам првата жена од Мадагаскар на Зимските олимписки игри. Неверојатно е чувството да се биде тука. Многу тренирав во Франција и други европски земји. Пред да дојдам тука, јас исто така се обучував со белгиски скијачи, изјави Клерк.

За разлика од повеќето нејзини сонародници, Клерк е запознаена со снегот и други зимски спортови. Но, во Пјонгчанг, она што не е познато за неа е екстремно ниската температура.

– Навистина е ладно, и јас се обидувам да се навикнам на тоа, вели скијачката од Мадагаскар.

На нејзината прва Олимпијада која почнува в петок, Клерк рече дека нејзината цел е да ги подобрува своите резултати во секоја следна трка.

МИА