Русинката Светлана Кузњецова го освои трофејот на ВТА турнирот во американската престолнина Вашингтон, откако синоќа во финалето ја победи Дона Векиќ од Хрватска со 2-1.
Хрватката го одби првиот сет со 6:4, во вториот имаше четири топки за триумф, но го загуби на тај-брејк со 7:9, а во третиот беше 6:2 за руската тенисерка.
За Кузњецова ова беше 18. трофеј во кариерата, од друга страна, Векиќ пропушти можност да го освои третиот.