Македонските младински одбојкарски репрезентативци не успеаја да слават против Црна Гора и со тоа да обезбедат медал на Балканијадата во Приштина пред денешните натпревари од последното, петто, коло.
Избраниците на селекторот Ванче Санев играа променливо против Црногорците и без оглед што убедливо го добија вториот сет и израмнија, потоа не го задржаа ритамот и загубија со 3:1 (18:25, 25:15, 25:27, 20:25).
Теоретски шанси за бронзен медал за македонската репрезентација сè уште постојат, а за такво сценарио најпрво е неопходна победа над фаворитот Турција со 3:0 или 3:1 во сетови.
Македонските одбојкари претходно на Балканијадата во Приштина триумфираа над домаќинот Косово и Албанија, а претрпеа пораз од Бугарија.