петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Марк Маркез се враќа на патеките

Марк Маркез се враќа на патеките

Шпанскиот мотоциклист, Марк Маркез конечно се врати од повредите и ќе се врати на патеките во Мото ГП шампионатот.

По пауза од десет месеци, Маркез ќе се врати на патеката во Портимао наредната седмица.Самиот возач на Твитер порача дека е среќен и едвај го чека враќањето.

„Многу сум среќен. Вчера ги посетив докторите и ми дадоа зелено светло за враќање на патеките. Ова беа доста тешки девет месеци и сега сум среќен што можам да уживам во тоа што најмногу го сакам. Се гледаме наредната седмица во Портимао“, напиша Шпанецот.

Да подсетиме Маркез по пад на патеката во Херез ја скрши коската над лактот, по што мораше да паузира.