петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Маркес преживеа луда недела и се врати на патеката во Херес

Маркес преживеа луда недела и се врати на патеката во Херес

Актуелниот првак во Мото ГП доживеа тежок пад минатиот викенд ја скрши надлактицата, беше и опериран, но веќе е во строј и подготвен за втората трка во сезоната на истата патека

Марк Маркес е неверојатно храбар и упорен, што е карактеристика на големите шампиони, а актуелниот првак во Мото ГП повторно е на патеката во Херес, каде минатиот викенд доживеа тежок пад и ја скрши надлактицата на раката.

Во рок од само една седмица Шпанецот мина неверојатна авантура, беше и опериран, но веќе е подготвен за нова трка, повоторно на истата патека вп Херес, за Големата награда на Андалузија.

Маркес моментно е на патеката на квалификацискиот тренинг пред втората трка во новата сезона што ќе се вози утре од 14 часот.

На премиерата најпрво во петтиот круг Маркес излета од патеката, но успеа да се врати и од тргна во чудесен поход на победа од последното место.

Во финишот стаса до третото место, но очигледно префорсира во обидот да приреди досега невиден подвиг во историјата на Мото ГП трките и од фенерот да стаса до врвот, па падна и ја скрши надлактицата.

Иако даваше знаци дека не му е ништо, веднаш беше пренесен во болница, каде беше констатирано дека има скршеница и беше опериран во Барселона.

Но, Марк има јуначко срце и најави дека ќе вози пак и викендов без разлика на се и го реализира тоа со настап на стандардните тренинг сесии.