сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Маркез доби дозвола од докторите да излезе на патеката

Маркез доби дозвола од докторите да излезе на патеката

По лекарските прегледи, на шесткратниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез, му е дозволено да се врати на патеката. Возачот на Репсол Хонда ќе учествува на трката за Големата награда на САД на 10 април, што беше и официјално потврдено од тимот.

Шпанскиот ас се повреди во текот на загревањето пред трката за ГП на Индонезија, доби удар, а сите беа загрижени поради тоа што повторно има проблеми со видот, како и на претходната повреда со рамото, поради која долго време паузираше.

Хонда направи „конзервативен“ план за закрепнување, а Марк се чувствуваше подобро – пред да замине за САД ги направи сите потребни прегледи и добие одобрение да биде на патеката.

Маркез во текот на кариерата имаше голем успех во Тексас – на таа трка нема триумфирано само еднаш, во 2019 година, кога падна додека имаше убедливо водство.

Следната трка во Мото ГП шампионатот ќе се вози на 10 април во САД.