петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Маркез е светски првак по осми пат, во последниот круг го освои Тајланд!

Маркез е светски првак по осми пат, во последниот круг го освои Тајланд!

Шпанецот Марк Маркез ја одбрани титулата во Мото ГП класата, со денешната победа на патеката во Тајланд.

За него тоа е осма светска титула во кариерата, шеста во „кралската“ класа. Со овој успех, шпанскиот возач застана на само еден трофеј од големиот Валентино Роси, а има само 26 години и многу сезони пред себе за да го надмине „докторот“.

Завршницата донесе неизвесност и фантастичен дуел меѓу Маркез и Квартараро. Членот на Хонда заостануваше, но на четири круга до крајот го започна својот напад.

Последниот круг го одлучи победникот, а во истиот големиот шампион покажа дека е класа за конкуренцијата и на крај заврши на првата позиција.