среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Маркез ја освои Големата награда на Германија

Маркез ја освои Големата награда на Германија

Марк Маркез постигна уште една победа во Мото ГП, овој освојувајќи ја Големата награда на Германија.

Шпанскиот мотоциклист извози без проблеми 30 круга на Сахзенриг 41:40 со што возачот на Хонда го постигна седмиот последователен триумф во Германија.

Втор на целта беше Маверик Виналес од Јамаха, додека со третото место се задоволи Кал Крачлоу од Хонда.

Легендата Валентино Роси трката ја заврши на осмото место со 11 секунди заостанување зад Маркез, кој со оваа победа освои уште 25 поени и го зацврсти првото место на генералниот пласман пред Ендру Довизиос, кој денеска се пласираше на петтото место.