петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Мекларен се спаси од банкротот со заем од 150 милиони фунти

Мекларен се спаси од банкротот со заем од 150 милиони фунти

Тимот на Мекларен во Формула 1 ќе избегне банкрот оваа година, откако обезбеди заем од Националната банка на Бахреин.

Тие ќе издвојат 150 милиони фунти, со кои легендарниот британски тим ќе мора да се справи со последиците од пандемијата од коронавирус уште од март.

Компанијата забележа загуби од 122 милиони фунти за првиот квартал од годината и отпушти вкупно 1.200 вработени, од кои 70 од тимот што се натпреварува во Формула 1.

Тимскиот шеф Зек Браун се надева дека финансиската инјекција ќе му помогне на Мекларен да се стабилизира, сè додека економијата не се опорави и пазарите повторно не започнат да работат нормално.