Шампионот во Формула 3 и член на младинската академија на Ферари, Мик Шумахер прокоментира пред новинари дека не се плаши од споредбите меѓу него и неговиот татко – седумкратниот светски шампион во Формула 1 – Михаел Шумахер.
– Споредбите со татко ми никогаш не биле проблем за мене. Ме споредувате со најдобриот пилот во историјата на Формула 1. Тој ми е татко и идол, за мене споредбите со него ме тераат само да продолжам да учам и да се трудам да се развијам, рече Мик.
Тој додаде дека преминот од Формула 3 во Формула 2 не е толку сложен.
– Главните тешкотии доаѓаат од тоа што треба да научиш како да ги користиш гумите и како функционираат тие, изјави уште младиот пилот.