сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

МОТО ГП: Маркез го освои и Мизано и лета кон осмата титула

МОТО ГП: Маркез го освои и Мизано и лета кон осмата титула

Актуелниот шампион во Мото ГП Марк Маркез направи голем чекор напред кон освојување на осмата титула во кариерата (шеста во кралската класа) со тоа што триумфираше денеска на трката за ГН на Сан Марино во Мизано. Тоа беше негов 77 триумф во кариерата, шести на патеката „Марко Симончели“, а на тој начин стигна до четвртото место на листата на победници на сите времиња, а пред него се само Анхел Нието, Валентино Роси и рекордерот Џакомо Агостини кој има 122 победи.

Шпанецот успеа да го „скрши“ Фабио Квартараро и победи со девет десетинки предност во однос на ривалот од Петронас Јамаха, а трет заврши Маверик Вињалес. Квартараро водеше на целата трка, а Маркез го следеше и трпеливо го чекаше моментот за напад, а го направи во последниот круг и така му ја „украде“ првата победа во кралската класа на младиот Французин.

Маркез ја оствари седмата победа во 2019 година, а веќе има 275 бодови на чело на табелата во генералниот пласман или 93 повеќе од вториот Довициозо. Мото ГП шампионатот продолжува идниот викенд со ГН на Арагона.