Германскиот весник Die Aktuelle објави наводно интервју со легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер (54).
Иако неговата здравствена состојба будно се следи и добро е познато дека не може да комуницира, новинарите не се двоумеле да објават текст од кој може да се заклучи спротивното.
Но, брзо стана јасно дека се работи за измама, а горенаведените медиуми во последниот пасус од спорниот текст само наведоа дека разговорот бил воден со бот, вештачка интелигенција.
Новинарите на споменатиот весник со голема фотографија на насловната страна истакнаа дека успеале да го интервјуираат возачот, но од читањето се гледа дека се работи за измама.
Со помош на вештачката интелигенција, која може да одговара на прашањата наместо еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, новинарите добија одговори на прашања од јавен интерес.
Никаде на насловната страница на весникот или во опремата на интервјуто не истакнаа дека се работи за разговор со четбот, односно вештачка интелигенција, но тоа патем го спомнаа на крајот од текстот.
Одговорите станаа предмет на дискусија и коментар, па вештачката интелигенција одговори дека Шумахер „може да преживее со помош на најблиските и дека без поддршката од семејството немало да преживее толку тешки години“. Die Aktuelle е на удар на критики за сето ова.
Да потсетиме, Михаел, кој е искусен скијач, на тој кобен 29 декември 2013 година, залутан од патеката на француските Алпи, паднал и удрил со глава во карпа. Неговиот шлем му го спасил животот, но сепак бил тешко повреден.
Quellenangabe: "Das Interview war im Internet. Auf einer Seite, die mit Künstlicher Intelligenz, kurz KI genannt, zu tun hat."
Was "Die Aktuelle" hier veranstaltet, ist selbst für ein skrupelloses Klatschmagazin bemerkenswert verachtenswert: https://t.co/xBZKQY1xUw pic.twitter.com/xqtYzTOKHd
— Simon Hurtz (@SimonHurtz) April 17, 2023
Два пати го оперирале и го ставиле во вештачка кома. После тоа, многу малку се знае за него.
– Шумахер е буден, дише, неговото срце има убав ритам. Веројатно може да седне, можеби дури и да направи чекор со помош на други, но не повеќе од тоа – изјави познатиот невролог Ерих Ридерер во францускиот документарец за TMC.
Повремено го посетува и Жан Тод, претседател на Светската автомобилска федерација (ФИА), кој истакна дека Шумахер го следи патот на својот син.
– Секако дека го следи. Би биле повеќе од среќни да имаме нов Шумахер во Формула, а јас секогаш ќе му го кажам истото на Михаел: борба. Во одлични услови е и има одлична нега – изјави Тод.