Поради пандемијата на коронавирус, Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) одлучи да не ги игра преостанатите натпревари од еврокуповите, сезоната 2019/20 година.
– Советот на ЦЕВ ги откажа преостанатите натпревари од европските купови во 2020 година, вклучувајќи го и Супер финалето во Лигата на шампионите, откако избувнувањето на коронавирус го прекина натпреварот во март.
И покрај фактот дека сезоната во еврокуповите нема да биде завршена, одборот се согласи да одвои повеќе од 80% од очекуваниот награден фонд на екипите кои учествуваа во трите купа.
Покрај тоа, Одборот на ЦЕВ се обврза да го задржи наградниот фонд за Европското првенство 2020/21 и одобри дополнителна поддршка за клубовите за претстојната сезона, се вели во соопштението на органиацијата.
Финалето на Лигата на шампионите во одбојка требаше да се одржи во Берлин на 16 мај.