На осум дена до почетокот на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, организаторот соопшти дека се продадени околу 75 проценти од билетите.
Ли Хи-Бом, претседател на организациониот комитет на Игрите, објасни дека се откупени околу 800 илјади билети од вкупно 1.07 и повика да се преземат „итни мерки“ за зголемување на продажбата на билети, особено поскапите.
– Продажбата на билети достигнаа речиси 75 проценти, но ни остануваат многу од поскапите, па мора да преземе итни мерки за да ја зголемиме нивната продажба, коментира Хи-Бом.
Некои билети достигнуваат цена од 750 евра, а најскапите за церемонијата на Отворањето на Игрите закажана за 9 февруари чинат 1.125 евра.