понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Северна и Јужна Кореја се соединуваат, ова е заедничкото знаме

Северна и Јужна Кореја се соединуваат, ова е заедничкото знаме

Северна и Јужна Кореја се договорија под исто знаме да настапат на церемонијата за отворањето на Зимските олимписки игри идниот месец.

Во текот на преговорите, постигнат е договор женскиот хокеарски тим да биде заеднички.

Станува збор за историски договор, кој предвидува спортистите од двете спротивставени земји да настап заедно под знамето „кое ќе го претставува целиот корејски полуостров“.

Инаку, знамето под кое спортистите на двете Кореи ќе настапат е бела основа на која со светло сина боја има силуета на Корејскиот полуостров.

Ова нема да биде прв пат Корејците да настапуваат под исто знаме, со оглед на тоа дека знамето е користено и во 1991 година за време на Светското првенство во пинг-понг.

Последен пат знамето се појави во 2006 на Зимските игри во Токио.

Меѓународниот олимписки комитет мора да го одобри овој корејски договор.